Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На отвореното меѓународно првенство по бразилско џиу џицу во Хрватска, борците од спортскиот клуб за бразилско џиу џицу „Карлос Маја“ се вратија со историски успех.
За прв пат Македонија се закити со златен медал од еден ваков релативно млад спорт.
Оваа првенство претставува најпрестижен турнир во Југоисточна Европа, каде секоја година учествуваат преку 200 натпреварувачи од 12 различни земји.
Најзаслужен за успехот е Александар Јовановски, кој ефикасно ги совлада сите негови противници меѓу кои беше и шампионот на Хрватска. Овој млад 22-годишен борец ги надминал и постарите и поискусните натпреварувачи и заслужено се најде на врвот.
Од другите учесници бронзени медали зедоа Мартин Михајлов и Јордан Христовски.
Со овој спорт учите како да го контролирате противникот преку добар тајминг и создавање на ситуации кои го искористуваат нерамномерното користење на силата. Помалиот и физички послаб противник може да издвојува победа врз посилниот само со вистинска тактика и примена на најдобрата техника.
По успесите во Бугарија, Србија, Словенија и Австрија, момците од "Карлос Маја" продолжуваат понатаму.
Следен чекор е учеството на меѓународното првенство во Италија, а на крајот од годината се припремаат и за Европското првенство.