Меѓународен младински фудбалски турнир во Речица
Меѓународен турнир во фудбал за млади ќе се одржи утре на игралиштето во селото Речица.

Турнирот го организира фудбалски клуб “Куманово еуроспорт“, а ќе учествуваат четири кумановски фудбалски клубови и еден од Јагодина, Србија.
“Ќе се натпреваруваат меѓу себе ФК “Речица“, ФК “Куманово еуроспорт“, ФК “Рибари“ и ФК “Куманово 2013“ и гостите од Јагодина. Ќе играа играчи родени 2002 и 2003 година. Целта е младите да се дружат, да се занимаваат со спорт, а не одат по лоши патишта. Се надеваме дека од нив ќе излезе некој познат фудбалер„ - велат организаторите.
Почетокот е утре во 9.30 часот. Најдобрите ќе бидат наградени со медали и пехари.