×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународен боксерски турнир во Куманово

    10.05.2023 15:56 | Сузана Николиќ

    Од први до четврти јуни во Куманово, на игралиштето покрај спортската сала "Соколана" ќе се одржи третиот Меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.

    Меѓународен боксерски турнир во Куманово

    На турнирот ќе учествуваат боксери од Словенија, Молдавија, Хрватска, Австрија, Германија, Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово.

    „Новина во однос на предходните години е тоа што имаме учесници од повеќе европските клубови. Подготовките се при крај, засега се оди како што требa, се надеваме дека љубителите на боксот и сите граѓани ќе не поддржат во идејата да организираме една квалитена спортска манифестација како што доликува на клубот и на турнирот. Ги повикуваме сите граѓани кои го сакаат боксот и спортот, да дојдат во што поголeм број, бидејќи покрај тоа што ќе можaт да проследат одлични мечеви, ќе се сретнат и со боксерските легенди“, вели Самет Салиевски, тренер на БК Куманово и координатор на турнирот.  

    Се очекува на турнирот да дојдат најдобрите боксери од просторите на поранешна Југославија, шампиони и олимпијци:Тадија Качар,  Миодраг Перуновиќ, Сретан Мирковиќ, Антон Јосифов, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Мирко Пузовиќ, Лука Парлов, Драган Вујковиќ и Дејан Завец.

    Турнирот го организира Боксерскиот клуб Куманово во соработка со Боксерската федерација на Македонија.