Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лестер Бо Меккејлеб е на добар пат да ја одбрани титулата во италијанскиот шампионат откако славеше и во третиот натпревар против Армани Џинс во финалето од плејофот.
По двата убедливи триумфи на домашен терен, Меккејлеб со Монтепаски Сиена вечерва славеше и на гостувањето во Милано, со 79:82, и направи уште еден голем чекор напред за освојување на шампионскиот трофеј во Италија.
Македонскиот репрезентативец одигра нешто под своите можности, реализирајќи скромни седум поени, но имаше значаен придонес во играта на својот тим со седум скокови и пет асистенции. Лавринович со 17 и Каукенас со 15 поени беа најпрецизни во таборот на Сиена, којашто сега се наоѓа на една победа до осигурување на титулата.Доколку Мекејлеб и соиграчите стигнат до неа веќе на следнито меч, тоа би значело дека македонскиот репрезентативен плејмејкер ќе има нешто подолго време за одмор пред да се приклучи на националниот тим на подготовките за предолимпискиот турнир во Венецуела.