Вечерва играат Куманово и Металург
18.05.2012 12:49
| KumanovoNews
Екипите на Металург и Куманово вечерва со почеток во 20 часот и 10 минути во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе си ги одмерат силите во полуфинален натпревар од Купот на Македонија во ракомет.

Финалето е закажано за недела 20 мај со почеток во 17 часот кога ќе се знае кој е победникот од турнирот во машка конкуренција.
Пред овој натпревар силите ќе ги одмерат Вардар Про и Пелистер, а скопските екипи се двата најголеми фаворити за освојување на Купот на Македонија.