Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово загубија во вчерашниот дуел од Металург со 26:36, натпревар во рамките на осминафилната рунда од Купот на Македонија.
Проблемите во скопскиот гигант се уште се активни, па иако излегоа на терен со 12 играчи, лесно остварија победа водени од Златко Хорват, Марко Тарабокија, Мартин Серафимов и Дарио Кофилоски.
Металург имаше силен старт уште на дуелот, кога резултатот на семафорот беше 7:1, а потоа и 10:2. Куманово по 20-тина минути игра беше во двоцифрена негатива од 16:6. Но, пред крајот на првото полувреме, кумановци не се предадоа, туку направија серија од 6:1 и негативата ја доведоа до прифатлива за достинствен резултат и борба во вториот дел, па на пауза заминаа со само минус 5, односно 18:13.
Квалитетот на Металург сепак остана и во продолжението на натпреварот и не создадоа ниту една шанса за доближување на Куманово, отидоа пак на плус 10, и го средбата ја затворија рутински.
Во составот на Куманово, најефикасен беше Давид Спасиќ со 7 погодоци, а зад него беше Бојан Петрушевски со 4 успешни обиди. Иван Димитров, Давид Цветковски и Влатко Тасевски беа изедначени на листата од стрелци со по 3 погодоци.
МРК Куманово веќе утре од 12:00 часот ги почнува дуелите од плеј-оф лигата, каде во првата рунда му гостуваат на тимот на РК Аеродром.
(Д.Д.)