Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово забележаа нов пораз во плеј-оф натпреварите. На домашен терен беа поразени од екипата на Металург, која е и главен фаворит за освојување на годинешново првенство. Натпреварот заврши со резултат 18:38.
Разликата во класи помеѓу двата клуба беше евидентна уште на почетокот на мечот. Металург на полувреме имаше двојна предност од 11:22, па продолжетокот на натпреварот го доиграа и вторите состави на екипите кои поставија конечен резултат од 18:38.
ЖРК Куманово е свртен кон натпреварот против Гевгелија кој решава за третата позиција на табелата.