Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб „Михајловски“ продолжува со настапите во Втората кошаркарска лига. Нов противник е тимот на Вардар Апаве.
Тимот на „Михајловски“ забележа два пораза на стартот од продолжението на сезоната во Втора лига. Поради лошиот распоред, во првите две кола се сретнаа со несудениот прволигаш за оваа сезона Т-баскет, и екипата на Пелистер.
Лошиот низ натпревари продолжува со гостувањето против Вардар Апаве, екипа која беше поразена на гостувањето во првиот натпревар со резултат 82-67. Натпреварот се игра утре во 17 часот.
Вардар е седми на табелата а Михајловски се осми. Подобрување на позицијата на кумановската екипа ќе следува по оваа серија на противници, кои се и главните претенденти за пласман во најквалитетното кошаркарско друштво.
Следниот викенд, Михајловски ја пречекуваат екипата на Бест.