×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Михајловски: Оваа екипа има карактер, подготвени сме за натпреварите кои следат

    25.11.2014 14:48 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово, утре во Спортската сала, ја пречекуваат непоразената екипа од А групата во рамките на БИБЛ Лигата, тимот на Рилски Спортист.

    Михајловски: Оваа екипа има карактер, подготвени сме за натпреварите кои следат

    Тренерот на кошаркарскиот клуб Куманово, Игор Михајловски има свое видување за досегашниот дел од сезоната и истакна дека тимот е подготвен за големите преизвици пред кои се наоѓа. Куманово утре игра против Рилски Спортист, па гостува на Работнички, а следната среда го пречекува МЗТ Скопје.

    Сите натпревари кои ги одигравме до сега се со противници кои имаат квалитет во своите редови и никој не ни ја подарил победата. Оние кои следат се сигурно поквалитетни и дефинитивно се во предност во однос на нас, меѓутоа оваа екипа до сега покажа дека има свој квалитет. На натпреварот во Пеќ губевме 20 поени разлика, можеше разликата да биде и поголема, меѓутоа овој тим покажа карактер и избори продолженија, - изјави тренерот на Куманово, Игор Михајловски.

    Тимот на Рилски Спортист е редовен учесник во регионалното натпреварување. Тие се освојувачи на оваа натпреварување во 2009 година, кога во финалето беа поуспешни од Работнички, а во сезоната 2010/2011 загубија на „Фајнл-фор турнирот“ од Фени Индустри во Кавадарци и го завземаа второто место.

    Рилски Спортист сигурно има големи амбиции во оваа натпреварување. Составена е од четири играчи од САД, а остатоткот од тимот го надополнуваат квалитетни домашни играчи. Имаат одличен тренер и по тоа прашање ќе бидат во блага предност во однос на нас. Ние го имаме домашниот терен на наша страна и публиката секако. Во секој случај сметам дека оваа екипа е спремна за овој, и натпреварите кои и следат - додаде Михајловски.

    Како засилување во КК Куманово пристигна и Бранислав Ѓекиќ, поранешен кошаркар на Партизан, кој пружаше одлични партии за белградскиот клуб. Ова нема да е прво искуство за Ѓекиќ во македонското првенство, бидејки минатата сезона настапуваше за Струмица. Тој своето деби во дресот на Куманово ќе го има на натпреварот против Работнички.

    Тој се вклопува во визијата на клубот, и ќе ја надополни позицијата каде што мислиме дека ни треба засилување. Постепено ќе биде вклучен во системот на Куманово. Се работи за докажан играч и не се сомневаме во неговите квалитети и сигурно ќе може да помогне во овој период - изјави Михајловски за новото засилување.

    За настап во БИБЛ лигата треба играчот да е регистриран 48 часа пред почетокот на натпреварот. Ѓекиќ е регистриран денес и нема да настапи на утрешниот меч. Михајловски додаде дека Вујошевиќ влече повреда на коленото од мечот со Тиват и Мандиќ има ситна повреда на рамото, меѓутоа ќе бидат дел од утрешниот натпревар.

    Куманово - Рилски Спортист започнува во среда од 19 часот, во Спортската сала во Куманово.