Михајловски не е повеќе тренер во КК Куманово
По вчерашниот пораз од Теодо, Игор Михајловски поднесе оставка на функцијата тренер на КК Куманово.

Михајловски поднесе оставка која беше прифатена од управата на клубот. Тимот во следниот период ќе го води помошниот тренер, Страшо Тодоровиќ, а подоцна ќе процени дали ќе биде ангажиран нов тренер во екипата - изјавија од клубот.
Како причина за оставката се наведуваат слабите резултати во последните два натпревари, а се шпекулира дека се работи за нарушените тимски односи по суспензијата на Костовски и Мандиќ.
Куманово следниот натпревар го игра за два дена во Спортската сала, против екипата на Карпош Соколи. Ова е реванш натпревар во рамките на Купот на Македонија.