Михајловски загубија на гостувањето во Гевгелија
17.11.2014 11:26
| KumanovoNews
Кошаркарискиот клуб „Михајловски“ беше поразен во натпреварот од четвртото коло против тимот на БЕст со резултат 71-60.

Тимот од Гевгелија успеја да ја забележи првата победа во Втора лига. Михајловски после овој пораз ќе имаат скор од две победи и два пораза и ќе се најдат на средина од табелата.
Во петтото коло, Михајловски ќе бидат слободни, а следниот натпревар ќе го играат кон крајот на месецот против тимот на Радовиш, на домашен терен.
Во останатите натпревари беа постигнати слединте резултати:
- Тетекс ТТК 96-85 Дино Баскет
- Пелистер 76-61 Шкупи
- Т-Баскет 70-56 Борец Баскет
- Вардар Апаве 87-77 Радовиш