×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Миодраг Ѓоковиќ од Србија победник на Меморијалниот шаховски турнир „Мартин Петковски“

    24.02.2024 16:01 | Оливера Пешевска

    Миодраг Ѓоковиќ од Лесковац, Србија по втор пат победи на Меѓународниот меморијален турнир „Мартин Петковски“, кој денеска се одржа во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. 

    Миодраг Ѓоковиќ од Србија победник на Меморијалниот шаховски турнир „Мартин Петковски“

    Турнирот го организира полициската асоцијација ИПА Регион Куманово, во чест на прерано починатиот колега и член на Управниот одбор на организацијата Мартин Петковски.

    „На овој начин оддаваме една мала почит на Мартин за се она што има направено како за организацијата така и за сите негови сегашни и идни колеги, а воедно даваме и пример како младите герации меѓусебе во иднина треба да се почитуваат“, истакна во поздравниот говор Горан Маневски“, претседател на ИПА Регион Куманово.

    Второ место освои Филип Алексовски од Скопје, а на трето се пласираше Сашо Манасиевски од Куманово.

    На победниците им беа врачени пехари и вредни награди, со порака дека без разлика на постигнатите резултати сите се победници. Турнирот е можност за меѓусебна дружење и размена на искуства од полициската служба.

    Освен членови на семејството, на турнирот присуствуваа бројни колеги на Мартин Петковски, дел од соработниците на асоцијацијата ИПА, спонзори, како и претседателот на ИПА Македонија Игно Стојков и потпретседателот Кирил Бошковски.

    Меморијалниот шаховски турнир по втор пат се организира во градот, а е резултат на постигнат договор меѓу семејството Петковски и полициските служби, каде работел Мартин.