Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со вечерашниот натпревар помеѓу Младинскиот кошаркарски клуб (МКК) Куманово и КК Тетекс ТТК започнува Втората кошаркарска лига. Натпреварот се игра во салата на Економското училиште и запонува во 20:30 часот.
Младинскиот кошаркарски клуб, оваа сезона претендендира за пласман во најквалитетното кошаркарско друштво. Ангажманот на Марин Докузовски на тренерската позиција, и засилувањето со кошаркарите Марјан Јаневски, гостиварските близнаци Ренато и Роберт Димитриевски, се најавува дека цел во оваа сезона е пласманот во Првата лига.
Довчерашниот прволигаш Куманово 2009 сезоната ја започнува во Прилеп, каде што ќе се сретне со тимот на Мега баскет. Тимот предводен од Горан Димитријевиќ го консолидираше играчкиот состав и исто така најавува враќање во кошаркарската елита. Овој натпревар се игра во сабота со почеток во 19:00 часот.