Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца млади боксери од Боксерскиот клуб „Куманово 84“ беа на десетдневни поготовки во Хрватска.
Марсел Салиевски, Бајрам Мамутовски и Шера Мамутовски, од 10 до 15 декември, учествуваа на првиот Меѓународен боксерски камп во Задар, наменет за ученици и кадети. Кампот беше во организација на боксерскиот клуб Арес од Задар.
На кампот учествуваа млади боксери и од Штип, Охрид, Прилеп, Скопје и Пула, со цел да се подготват за Европското кадетско првенство, кое треба да се одржи во август наредната година во Русија.
„Тренинзите се одржуваа двапати дневно, од вторник до сабота на атлетската стаза и базен, а попладневните спаринг-тренинзи се спроведуваа во боксерската сала. За љубителите на боксот, во недела беа организирани и јавни спаринг-тренинзи. Целта на овие тренинзи е да се добие едно меѓународно искуство каде младите ќе учат едни од други, за да можат да напредуваат и созреваат во подобри и поквалитетни боксери “, вели Самет Салиевски, тренер во БК „Куманово 84“.
Во јули наредната година претставници од Србија и Бугарија ќе тренираат во нашата земја, прво во Охрид, а потоа и во Куманово.