Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во организација на Ракометната Академија Металург - Хазена, утре во Спортската сала ќе се одржи турнир, во кој уште учество ќе земат ракометните филијали на Металург од Прилеп и Скопје.
Овие натпревари се во склоп со програмата на младинската академија на Металург. Наши гости ќе бидат поранешниот репрезентативец Гоце Макаловски кој ќе ја води групата од Прилеп, и Данела Тасеска која е тренер во Р.А.Металург Скопје. Ова ќе биде одлично искуство за нашите мали ракометери. Ги повикувам сите љубители на ракометот да присуствуваат на овој настан, и да дадат подршка на малите ракометари - изјави Александар Трајковски, тренер во РА Металург-Куманово.
Настанот ќе трае од 13:00 до 16:00 каде што трите екипи ќе изиграат меѓусебе по еден натпревар.
Тренинзите на овој клуб се одржуваат во салите на О.У. Кочо Рацин, во спортската сала Соколана, и Спортската сала во Куманово. Од почетокот на следниот месец, овој клуб ќе почне со работа во салата на О.У. Христијан Тодоровски Карпош.
Информации можат да се добијат на телефонот 078/345-659