Младинските категории на ЖРК Куманово, почнуваат со тренинзи
16.08.2019 10:49
| KumanovoNews
Најмладите членови во Женскиот ракометен клуб Куманово, започнуваат со тренинзи, секој вторник, четврток и сабота, во салата на ОУ „Браќа Миладиновци“, по летната пауза.

Првиот тренинг го спроведоа тренерите Мирољуб Пауновиќ и Димитар Ангелевски.
Претхопдните години добрата подготовка и упорност поттикна многу успешни ракометарки, кои станаа членки на неколку репрезентативни селекции.
Се очекува првенството во кадетска и пионерска лига да започне кон крајот на септември.
Родителите кои сакаат да ги вклучат своите деца во ракометот, можат да се обратат во просториите на клубот.