Младите ракометарки убедливо го совладаа Вардар
03.12.2019 15:23
| KumanovoNews
Младинките на ЖРК Куманово викендов завршија со победа против екипата на Вардар, со резултат 41:31.

Победата на ракометарките беше извесна уште од самиот почеток на натпреварот, а на крајот од првото полувреме нашите младинки беа во водство со 22:15.
Со оваа победа младинките на Куманово покажуваат сериозни тенденции за да станат шампиони во оваа конкуренција.
П остигнати голови Куманово: Трајковиќ 10, Пецанова 5, Јанкуловска 9. Цветановска 8, Кипријановска 4, Ивановска 3 и Радевска 2.