Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џуд е шестгодишно дете кое во писмо го замолува Жозе Мурињо да го спаси неговиот клуб од испаѓање.
Џуд е голем навивач на Астон Вила, а неговиот тим е во зоната на испаѓање. Детето е опседнато со Астон Вила и решил да му помогне на својот клуб.
Драг господине Мурињо. Јас сум Џуд и имам шест години. Навивам за Астон Вила, а вие сте ми омилен тренер. Можете ли, ве молам, да ја преземете Вила и со себе да го доведете Диего Коста. Ни треба помош.
Благодарам, Џуд Бренсон