Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа против големиот ривал МЗТ Скопје со резултат 74-72.
Домаќинот имаше водство речиси во текот на целиот натпревар. Максималната предност изнесуваше 12 поени, по што како по правило следуваше неизвесна завршница.
При резултат 63:60, МЗТ Скопје упати три последователни шута за три поени, кои не ги реазлизира и не успеја да дојде до изедначување. Нерешен резултат стигна неколку минути пред крајот на мечот, кога Дренoвац погоди за три поени, по што следуваа уште два поени од истиот играч за плус два на МЗТ.
Тројката на Караџовски го врати Куманово во игра, а подоцна слободните фрлаља на Дивејн направија разлика по што успеја да ја одржи предноста од три поени до крајот на натпреварот.
Во шести последователен меч, Куманово конечно успеја да го победи шампионот МЗТ Скопје со резултат 74:72.
Урош Луковиќ постигна 24 поени и 15 скока во победата на Куманово.
За МЗТ Скопје, Дреновац постигна 15 поени а Буниќ придодаде 14 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на Карпош Соколи на гостински терен.