Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал синоќа беше елиминиран во меч од 2.коло на „Вимблдон“ од малку познатиот чешки тенисер Лукаш Росол со 3:2 во сетови, а мечот траеше три часа и 18 минути.
Надал го доби првиот сет во тај-брек, а потоа следните два му припаднаа на Росол со 6:4. Вториот светски тенисер, Надал се врати во игра откако со 6:2 го доби четвртиот сет, потоа следуваше пауза, бидејќи организаторите го затворија покривот на Централниот терен и ги запалија рефлекторите. Паузата добро му дојде на Росол, кој се одмори и го доби решавачкиот сет со 6:4.
За Росол , кој се наоѓа на 100.то место на АТП листата ова е прв настап на „Вимблдон“, а за Надал 33.то учество на Грен слем турнир и по четврти пат (по двапати на Вимблдон и УС Опен) мечевите ги завршува во 2.коло.