Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шпанецот Рафаел Надал по седми пат ја освои титулата на Ролан Гарос и го надмина Бјорн Борг.
Надал во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови. Во мечот кој почна вчера, а заврши денеска Надал ги доби првите два сета, Ѓоковиќ се врати во третиот, но по еден ден одмор, не успеа да го победи шпанецот и да стигне до титулата.
Ова за Надал е 11-ти грен слем и вкупно 50-та АТП титула. Шампионот покрај титулата инкасираше и чек од 1 милион и 250 илјади евра како и 2000 АТП поени.