Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден од највисоките кошаркари на светот, кој е роден во Куманово, Марко Дујковиќ доби отказ од својот тим Босна Ројал поради бизарни причини.
Овој 24.годишен кошаркар доби отказ поради тоа што на фотографијата каде што тимот ја слави победата, тој покажува три прста.
Од клубот изјавиле дека се работи за грубо кршење на клубската дисциплина.
Инаку, Дујковиќ е висок 226 центиметри и е роден во Куманово. До сега има настапувано за Чешки Келн, Металац, Суперфунд и Раднички од Србија.