Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца судии биле нападнати по завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на Башкими и Беласица.
Инцидентот се случил вчера на стадионот на Башкими, откако судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални.
„Во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле стадионот забележале дека возилото „фиат браво“ со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.