Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според темните облаци над Париз и дождот кој константно се заканува, прашање е дали ќе продолжи прекинатиот натпревар на Ролан Гарос, помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Мечот е прекинат вчера поладне при резултат 2:1 во сетови за Надал и 2:1 за Ѓоковиќ во четвртиот сет со брејк предност.
Сепак, временската прогноза не е нималку охрабрувачка. Метеоролозите тврдат дека не чека дождлив ден, со можен пороен дожд со грмотевици и максимална температура до 18 степени.
Моментално во Париз дува југозападен ветер со брзина од 15 до 30 километри на час. Можноста за врнежи е 70 одсто. Температурата во главниот град на Франција во 11 часот изнесувала 16 степени.
Во облаците гледаат и организаторите на турнирот на чело со Жилбер Исерн.
Прогнозата не е блескава, се надевам дека се ќе биде во ред. Најавен е пороен дожд. Според прогнозата, би можело да нема дожд барем во периодот од 17 до 18 часот – рекол Исерн.