Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово вчера во Свети Николе изгубија од екипата на Овче Поле со резултат 27:25 во плеј-оф натпреварување.
Во крајно неспортска атмосфера се играл маратонскиот натпревар, а сериозно е повреден еден од клучните играчи Дарко Георгиевски. За голготата низ која поминале ракометарите, реагира и раководството на клубот.
Со оваа наша реакција, не сакаме да жалиме за нашиот пораз, туку напротив, сакаме да ја информираме кумановската јавност дека натпреварот во салата „Цар Самоил„ во Свети Николе се одигра во крајно непрофесионални и најмала рака нечовечки услови. При водство на Куманово во 14-тата минута од првото полувреме со резултат 7:13, на најнеспортски начин беше повреден и падна во несвест еден од најдобрите стрелци во нашата екипа Дарко Георгиевски – Оса. При тоа беше итно префрлен во болницата во Куманово, каде ја помина ноќта под надзор на лекараската екипа со инфузија. Додека играчот на Овче Поле беше казнет “само” со жолт картон. За да баналноста на натпреварот биде поголема, организаторот остана без семафор поради технички проблеми, па времетраењето на натпреварот беше диктирано од еуфоричната домашна публика. Како за пример, првото полувреме траеше еден час и петнаесет минути. Исто така судиите беа под огромен притисок на публиката, кон кои беа фрлани предмети, проследени со вулгарни навреди. Меѓутоа нашите ракометари поддржани од верните навивачи, професионално издржаа до крај, и се спротивставија во таквата атмосфера. Како управа на РК Куманово им се заблагодаруваме пред се на навивачката група Кумани, и на нашите играчи. Ова е уште еден голем поттик на гостувањето во недела против екипата на Тинекс Пролет да извојуваме победа. А на Дарко Георгиевски – Оса му посакуваме брзо опоравување- изјави Мартин Костовски, претседател на РК Куманово.