Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово беа само на една одбрана на денешниот \nнатпревар против тимот на Пеќ. Натпреварот после продолженија заврши со \nрезултат 89-88.
Куманово имаше одличен старт на натпреварот. Забележа максимални осум поени предност во првиот период, меѓутоа кон крајот на тој натпревар полека тимот го губи ритамот. Пеќ полека но сигурно ја топи предноста и го превзема водството па кон средината на третата четвртина достигнува и максимални 18 поени разлика.
Дека одбраната ќе биде заштитен знак на кумановчани говори фактот дека во последниот период тие успејаа целосно да го преокренат резултатот во своја корист. Во последната четвртина тимот на Пеќ успјеа да постигне само шест поени, наспроти дваесет и двата на Куманово. Аврамовиќ постигна две слободни фрлања за продолженија и резултат 73-73.
Натпреварот продолжува да се игра од кош за кош, а КК Куманово има предност од еден поен на десетина секунди до крајот на натпреварот. Костовски промашува шут за три поени, додека Весели на спротивната страна погодува за победа. Конечен резултат на натпреварот е 89-88.
Во домашниот состав најефикасен беше Хрвое Пуљко со 25 поени, додека за Куманово Костовски постигна 28 поени.
На тимот на Куманово не му оди на рака почетниот распоред оваа сезона. После овој исцрпувачки настап, веќе во сабота играат против екипата на Кожув во Спортската сала во Куманово. Воедно тоа ќе биде и првиот официјален натпревар на Куманово пред домашна публика. Тимот на Кожув во првиот натпревар загуби од Карпош Соколи со резултат 74-81.