Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Клубот The strongest and roots BJJ Куманово, заедно со Македонската федерација за Бразилска Џиу-џица организираат нов семинар за сите љубители на боречките вештини.
Ова е четврти семинар во наша организација. Предавач на овој семинар ќе биде Ивица Алексовски, претседател на македонската федерација за бразилска џиу-џица. Најавени се гости речиси од цела Македонија, па ги повикувам сите љубители на овој спорт да го посетат семинарот во недела - изјави Мартин Стефановски, тренер и претседател на клубот во Куманово.
Семинарот ќе се одржи во просториите на Ронин Доџо(Стара црква, во близина на центар за странски јазици „ИКЛ“) и ќе започне во 11 часот а цена на учество е 300 денари за членовите на The strongest and roots, и 400 денари за надворешни учесници.
Информации може да добиете на телефон 077/705-039