Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа нова победа против тимот на Карпош Соколи која го искачи на врвот на табелата.
Покрај стандардно изедначениот почеток на натпреварот, победата висеше по одличната серија на гостите кои не му дозволија на Куманово речиси три минути да постигне поен. После тајм-аутот на Тодоровиќ тимот се врати во игра и успеја да замине на полувреме со минимална предност.
Второто полувреме започна како и на минатиот натпревар, каде што Куманово достигна максимални 13 поени предност. Соколи во последниот период успејаа да ја намалат разликата на еден поен, меѓутоа овој пат Куманово поумешно го приведе натпреварот во своја корист.
Вукашин Мандиќ постигна 21 поен а Александар Костовски придодаде 20 поени.
Кај Соколи, Кнежевиќ постигна 19 поени а Мијаиловиќ го заврши натпреварот со 17 поени.
Куманово до утре ја дели првата позција со Работнички и Карпош Соколи. Утре е натпреварот помеѓу Фени Индустри - Кожув и со евентуална победа тимот од Кавадарци избива прв на табелата.
Следното коло во Прва лига, Куманово ќе гостува на Гоце Делчев Штип.