×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новицки би можел да настапи за Германија во првенството

    22.06.2011 14:23 | KumanovoNews

    Одличниот Германец сезоната ја заврши на феноменален начин, освојувајќи НБА прстен и титула најкористен играч во финалето. Да го исполни просекот од 26 поени, 7 скока и 2 асистенции не му пречеа високата темература, ниту скинатите лигаменти на прстот.

    Новицки би можел да настапи за Германија во првенството

    Одморот се чини неминовен, но сепак Новицки не ја одфрла можноста да настапи за Германија оваа Европско првенство.

    По долга сезона една страна од приказната е одморот, како најдобро би влегол во следната сезона. Од друга страна е репрезентацијата. Таа навистина им годи. Им реков на луѓето во германскијот сојуз дека еднаш ќе им се приклучам. Го остварив својот сон, играв на Олимписките игри, но сега имаме нов, млад тим. Тоа тие го немаат доживеано. Многу од предходните генерации се повлекоа, но јас мислам дека ќе можам да им помогнам да го остварам нивниот сон - изјавил Новицки.

    Кошаркарот на Далас одкрива дека планирал да се приклучи на репрезентацијата ова првенство или на Олимписките игри, но за тоа треба репрезентацијата да биде во финалето, или меѓу првите шест пласирани.

    Немав претстава дека со Далас ќе играме до средината на јуни. Се надевав на тоа, но никогаш не се знае во НБА. Сега морам да видам како ќе реагира моето тело. Тогаш ќе ја донесам одлуката - заклучи Новицки.

    Покрај Германија во групата се наоѓаат Италија, Летонија, Израел и Франција.