Новицки повторно на Ол-стар меч, тренерите ги одредија замените на спектаклот
10.02.2012 14:59
| KumanovoNews
Иако ја има најлошата сезона во НБА лигата, Дирк Новицки ќе се најде во најдобрите 12 од западот, одкако тренерите го изабраа за измена.
Така тој ќе се најде во 11.по ред Ол-стар меч. Во иста ситуација е и Пол Пирс кој ќе го игра 10.по ред Ол-стар меч.
Дебитанти на овој меч се Ламаркус Олдриџ, Марк Гасол, Андре Игуадала, Рој Хиберт и Луол Денг. На нив друштво ќе ги прават Стив Неш, Тони Паркер, Расел Вестбрук, Кевин Лав, Крис Бош, Џо Џонсон и Дерон Вилијамс.
Стартната петорка ја сочинуваат Дерик Роуз, Кармело Ентони, Двен Вејд, Леброн Џејмс и Двајт Хауард, а за западот ќе започнат Крис Пол, Коби Брајант, Кевин Дурант, Блејк Грифин и Ендру Бајнам.

