Обама се пошегува со Бекам
16.05.2012 10:43
| KumanovoNews
Англискиот фудбалер Дејвид Бекам беше главна тема на шегите на Барак Обама, при приемот на тимот ЛА Галакси во Белата Куќа.

Освен што добија признание за освојување на титулата, Бекам доби и неколку шеги на негова сметка од стана на американскиот претседател.
Во тимот имаме многу квалитетен и млад фудбалер. Тоа е Дејвид Бекам. Половина од фудбалерите можат да му бидат деца. Тој е цврст играч. Ретко се наоѓа човек кој игра така на теренот и има своја линија на долна облека - се пошегува Обама.
Сепак тој имаше и пофалба кон англикиот фудбалер.
Тој одигра сеозна во која имаше 15 асистенции иако играше со повредена задна ложа - додаде Обама.