Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово го совлада Мавис-Штип со максимален резултат 0-3, и со сигурна игра дојдоа до посакуваните бодови на гостински терен.
Одбојкарскиот клуб Куманово, со победа на гостински терен ја започна втората полу-сезона од пролетниот дел на Првата македонска лига во одбојка.
Куманово го совлада составот на ОК Мавис-Штип со максимален резултат 0-3 (по сетови 14:25, 18:25, 22:25). На натпреварот, во кој освен на крајот на третиот сет, немаше резултатска неизвесност, одбојкарите на Куманово со сигурна игра дојдоа до посакуваните бодови на гостински терен.
Следниот натпревар се игра веќе во среда против актуелниот шампион ОК Шкендија од Тетово. Натпреварот на домашен терен е закажан за 18:30 часот во салата на „Перо Наков„.