Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На почеток на пролетниот дел во одбојкарското првенство на Македонија, одбојкарира на Куманово утре ќе гостуваат во Штип на екипата на ОК Мавис.
Натпреварот е закажан за 15:00 ч. во салата на ДЕМУЦ К.Нехтенин.
Поради лошите временски услови во Македонија, почетокот на првенството доцни две недели. За да се запази претходно усвоената динамика ОК Куманово ќе одигра пет натпревари во термини среда-сабота во следниве две недели.
Останатите парови во ова коло се:
ОК Синалко Крушево – ОК Струмица
ОК Лирија Тетово – ОК Вардар Скопје
ОК Сушево – ОК Борец Врако Велес
ОК Шкендија Тетово – ОК Работнички Скопје