Одредени групите на ракометарките за ЕП
22.06.2012 08:16
| KumanovoNews
Европската ракометна федерација ги одреди составите од жрепката на Европското првенство во женска конкуренција кое што од 4. до 16. декември ќе се одржи во Србија.

Mакедонските ракометарки се наоѓаат во четвртата група заедно со Шпанија, Чешка и Исланд. Познато е дека нашите ракометарки своите натпревари ќе ги играат во Ниш.
Во првата група се Норвешка, Шведска, Романија, Хрватска. Во втората група Франција, Црна Гора, Германија, Украина и во третата се Србија, Данска, Русија, Унгарија.
Жрепката за шампионатот ќе се одржи во Монако денес од 18 часот во рамките на конгресот на ЕХФ.