×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Олимпијакос е нов Европски шампион

    13.05.2012 21:36 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Олимпијакос ја шокираа кошаркарските љубители, одкако целосно се вратија во натпреварот и успејаа да го совладаат големиот фаворит ЦСКА Москва. Принтезис беше прецизен во последните секунди од мечот за конечен резултат на натпреварот беше 61:62 (10:7, 24:13, 19:20, 8:22).

    Олимпијакос е нов Европски шампион

    После лошиот почеток оваа сезона ретко кој веруваше дека Олимпијакос може да се пласира меѓу најдобрите четири екипи на завршницата на купот. 

    После цврстото прво полувреме полека почна ЦСКА да ја зголемува разликата по што се чинише дека Олимпијакос ги губи сите шанси за победа.

    Меѓутоа Принтезис и Папаниколау ги вратија надежите на Олимпијакос каде што како идеше крајот на натпреварот, екипата делуваше се посигурно.

    Рамунас Шишкаускас е трагичарот на мечот, кој при еден поен разлика за ЦСКА ги промаши двете слободни фрлања, а Спанулис влезе во продор каде што го пронајде Принтезис кој и ја донесе првата титула после 1997 година.

    Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ одигра 18 минути во финалето постигнувајки 7 поени и 2 скока, и тоа во критичните моменти од натпреварот кога само тој Спанулис и Папаниколау беа ефикасни во грчкиот тим.

    Најефикасен во Олимпијакос беше Папаниколау со 18 поени, а во ЦСКА Москва Милош Теодосиќ постигна 15 поени но кон крајот на натпреварот направи многу грешки кои го чинеа тимот победа.