Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Неодамна започна со работа првата школа за професионална спортска гимнастика за деца од предшколска и школска возраст во градот.
Спортското училиште „Атлета“ работи по најсовремени програми по европски стандарди, во извонредни услови со професионална опрема, пред се со најмодерни справи за изучување на сите гимнастички елементи. Со децата ќе работата врвни професионалци и спортски работници, докажани професори по физичко образование, спорт и здравје и магистри по кинезиологија.
- Тренирањето и вежбањето гимнастички дисциплини од најрана возраст се многу значајни за правилен психофизички развој на децата. Пред се за подобрување на вкупните моторички способности, јачината, максималната сила, репетативната сила, експлозивност, издржливост, брзина, координација, флексибилност, рамнотежа, како и подобрување на растот и развојот и социјализацијата на детето, - посочуваат тренерите.
Наставата се одржува во модерна сала опремена со нови гимнастички справи и риквизити, затоплена во извонредно пријатен амбиент за вежбање. Подетални информации за школата за професионална спортска гимнастика, родителите можат да добијат на телефонскиот број 070/722 436, или да ја посетат Фејсбук страната Школа за спортска гимнастика „Атлета“.