Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометниот клуб Куманово минатата сезона некако успеја да ја заврши натпреварувачката сезона, и обезбеди пласман во Супер-лигата.
Според неофицијални информации нема да има екипа која ќе се натпреварува во билокоја сениоркса конкуренција.
Задоцнетата трансформација во Акционерско друштво како што налагаат пропозициите го исфрли Куманово од најквалитетното македонско првенство, а веројатно и клубот ќе престане да функционира.
Тимот поодамна го напуштија капитенот Љубиша Димковски кој го засили Тинекс Пролет, и е третиот „кумановец“ со скопскиот тим, одкако на половина сезона Стефан Трајковски го засили тимот, а недоамна и голманот Стефан Кимевски. Еден од најдобрите поединци минатата сезона Влатко Тасевски, е пред ангажман во странство, а младите Димковски и Стошиќ се преселија во младинските тимови на Вардар. Пикерот Даниел Трајчевски оваа сезона ќе игра во Охрид, а уште пред почетокот на сезоната Мартин Ангеловски замина во Франција, па Куманово неможе да каже дека нема свои домашни квалитени ракометари.
Сеуште е непознато дали ќе функционираат младинските категории на РК Куманово.
Женскиот ракомет навидум е во малку подобра состојба од машкиот. Ракометарките од пред десетина дена се во тренажен процес, меѓутоа сеуште не е дефинирано во кои првенства ќе земат учество.
После големата експанзија на трансфери и странски играчи кои го засилија кошаркарскиот клуб Куманово, навистина е нејасно што се случува со ракометниот клуб Куманово, и дали воопшто љубителите на ракометот ќе можат да гледаат ракометен натпревар во нашиот град.