Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Риболовното друштво “Пчиња“ е трета по пласманот на државно ниво во првата македонска лига.
Последните две кола беа на Мавровско езеро, каде кумановските риболовци постигнаа забележителен резултат.
“Се натпреварувавме во лов на јадица со пливка. Ние и претходно најавивме дека очекуваме да бидеме меѓу првите, и еве го освоивме третото место. Тоа за нас е голем успех, и досега не сме биле на таква позиција меѓу најдобрите“-рече Роберт Лазаревски, претседател на “Пчиња“.
Лазаревски вели дека следното натпреварување е на купот “Илинден“ во август, каде исто така очекуваат добар пласман.