Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oдлични резултати постигнаа членовите на гимнастичкиот клуб "Атлета" од Куманово на Државното првенство во Битола.
Во силна конкуренција на преку 100 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија пет медали, една златна и по две сребрени и бронзени. Клубот учествуваше со 17 натпреварувачи, 9 во машка и 8 во женска конкуренција.
„Освоивме прво место во екипна конкуренција машки (помлади јуниори) и два бронзени медали во поединечна конкуренција. Во машки "А" програма до 9 години, Калин Илијевски освои трето место во категорија помлади јуниори, а во „Б“ програма јуниори Бојан Ефремовски исто така се избори за 3 место. Во женската "А" програма во екипна конкуренција, освоивме второ место во категорија јуниорки и трето место во категорија помлади пионерки“, изјавија тенерите Филип Миленковски и Никола Златановски.
Натпреварите беа во „А“ програма во машка и женска категорија и во “Б“ програма во машка категорија.