×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимнастичарите на „Атлета“ освоија пет медали на државно првенство

    12.06.2023 15:38 | Сузана Николиќ

    Две златни, еден сребрен и две бронзени медали во поединечна конкуренција, освоија гимнастичарите на „Атлета“ од Куманово на Државното првенство во Битола. Со медали се закитија гимнастичарите: Калин Илијевски, Милош Јовановиќ, Георгиј Мартиновски, Глигор Трајковски и Милица Митровска.

    Гимнастичарите на „Атлета“ освоија пет медали на државно првенство

    На првенството клубот учествувал со 17 натпреварувачи, од кои 8 во машка и 9 во женска конкуренција. Натпреварите биле во „А“ програма во машка и женска категорија и во “Б“ програма во машка категорија.

    „Прво место во машки "А" програма до 9 години во категорија помлади пионери, освои Калин Илијевски, во „Б“ програма постари јуниори за прво место се избори Милош Јовановиќ. Георгиј Мартиновски освои второ место во категорија помлади јуниори и Глигор Трајковски освои трето место во категорија помлади пионери. Во женската "Б" програма трето место освои Милица Митровска, во категорија пионерки, вели тренерот Никола Златановски.

    Од Атлета велат дека натпреварувањето се одржало во силна конкуренција од преку 150 натпреварувачи од целата држава.

    „По 27 години гимнастиката во Куманово се враќа на она место каде што припаѓа.Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет, бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала, од причина што градот има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Гимнастички клуб „Атлета“ полека станува еден од трите најдобри гимнастички клуба во државата“, изјави тренерот Филип Миленковски.

    Иако клубот со години наназад покажува извонредни резултати, Општинскиот сојуз на спортови оваа говина не му одобри средства од буџетот, со образложение дека клубот треба уште да расне.