Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот македонски велосипедист Стефан Петровски од денеска ќе учествува на Светското првенство во велосипедизам кое се одржува во Лимбург, Холандија.
Нашиот најдобар велосипедист ќе настапи во една од најтешките дисциплини - хронометар во категорија до 23 години во должина од 35 километри. На Светското првенство оваа година ќе се настапат околу 200 велосипедисти од целиот свет, а нашата репрезентација се наоѓа на 85.место на светската ранк листа.
Добро сум подготвен и се наоѓам во добра натпреварувачка форма а на Светското првенство очекувам пласман меѓу велосипедистите од првата половина или поточно испод 100.место што лично за мене би преставувало одличен резултат. - изјави Стефан Петровски
Учеството на Светското првенство преставува големо признание како за Велосипедската федерација на Македонија, така и за самиот Петровски.