Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Клубот The strongest and Roots BJJ Куманово по петти пат организира семинар по бразилска џиу-џица.
Семинарот ќе се одржи во сабота со почеток во 11 часот, во Ронин Доџо(во близина на Старата црква и центарот за странски јазици ИКЛ).
Ги повикувам сите љубители на боречките вештини да ни се обратат во нашиот клуб. Овој настан веќе прераснува во традиционален, и се надевам дека ќе побуди поголем интерес. - изјави Мартин Стефановски, тренер во клубот,
Семинарот ќе го води Ивица Алексовски, главен инструктор во The strongest and Roots BJJ Македонија и Претседател на Македонската Федерација за бразилска Џиу-џица.
Цена на учество е 300 денари за членовите на The strongest and roots, и 400 денари за надворешни учесници.Информации може да добиете на телефон 077/705-039