Пингпонгарката од Куманово прва на турнир во Скопје
21.01.2015 09:48
| KumanovoNews
Ива Димитриевска, пингпонгарка во пингпонгарскиот клуб “Куманово“, освои прво место на вториот по ред турнир “Здравје Радово“ во Скопје, организиран од Пингпонгарската федерација на Македонија.
“Со пет победи и само еден изгубен сет во сите натпревари што ги одигра на овој турнир, Ива го потврди својот примат во Република Македонија во својата категорија. Очекувам да продолжиме со континуирана работа и да се подготвиме добро за следните натпревари, иако се соочуваме со финансиски потешкотии“ - вели тренерот Мики Трендафиловски.
Трендафиловски објаснува дека поради финансиски проблеми, талентираните пингпонгари не можат да учествуваат на поквалитетни турнири во странство.

