Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите пингпонгарки од пинг-понг клубот “Куманово“ земаа трето место на штотуку завршеното 24-то државно екипно првенство, кое се одржа во Крива Паланка во организација на истоимениот пинг-понг клуб и Пингпонгарска федерација на Македонија.
Екипата ја сочинуваа Ива Димитриевска, Андреа Стојмановска и Ива Ефтимска.
Со малку поголема спортска среќа во натпревар во кој преовладуваше беспоштедна борба, со добро одиграни поени и натпревар кој директно одлучуваше за второ место, мојата млада екипа не успеа да го добие овој меч и загуби со 3:2 од далеку поискусната екипа на “Градба промет“ од Кавадарци - рече тренерот Мики Трендафиловски.
Трендафиловски вели дека сепак е задоволен од резулатот кој го постигнаа пингпонгарките од „Куманово“.