Пиринејско дерби во Доњецк
27.06.2012 11:40
| KumanovoNews
Репрезентациите на Португалија и Шпанија вечерва во 20:45 ќе ги одмерат силите во првата полуфинална пресметка на Еуро 2012.

Висенте дел Боске ја предводи својата репрезентација кон трето финале на големите натпреварувања. Шпанија е благ фаворит во овој дуел, а селекторот на шпанците го лоцира Роналдо како најголема опасност по голот на Касиљас.
Португалија има шанса за второ финале во својата историја одкако пред 8 години изгубија неочекувано од Грција.