Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Десетиот по ред турнир во мал фудбал “Видовден“ почнува утре и ќе трае до 29 јуни.
Натпреварите ќе се играат на спортскиот терен Соколана од 18 до 22 часот, со тоа што секој ден ќе има по четири натпревари. Пријавени за учество се 16 екипи, поделени во четири групи.
Српската заедница од Куманово за првите три најдобри тима има обезбедено пригодни награди, пехари, медали и маици. Ова е посебно важна година за Српската заедница и за овој турнир, бидејќи одбележуваме десет години од организирањето на првиот турнир во нашиот град. Освен сребрен, златен и бронзен медаљ ќе обезбедиме деновиве и за најдобар голман, голгетер и играч - рече Горан Зафировиќ, претседател на регионална организација на Српска заедница во Куманово.
Од Српската заедница се залагаат секој нареден турнир да биде помасовен и подобро организиран.