×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Последната битка за Манчестер и Англија

    30.04.2012 11:57 | KumanovoNews

    Денеска во 21 часот ќе се одигра градското дерби помеѓу Сити и Јунајтед по што ќе биде познато кој ќе биде новиот шампион во Премиер лигата, бидејки не се очекува од двата клуба да направат големи киксови до крајот на првенството.

    Последната битка за Манчестер и Англија

    Мотивот на „граѓаните“ е огромен, додека „црвените ѓаволи“ ќе бараат одмазда одкако загубија со 6:1 во првото дерби на почетокот на сезоната. Јунајтед има само 3 бода предност во однос на градскиот ривал, па доколку ја прокоцка својата шанса, со ист број на бодови би решавала гол разликата каде што Сити има голема предност.

    Сите љубители на фудбалот очекуваат интересен и динамичен меч. ДеГеа најави дека нема да „паркираат автобус“ пред нивниот гол, пораз или нерешен резултат е простување од титулата за граѓаните, така да сите предуслови се исполнети за возбудлив меч.