×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќе спортски настани по повод 11 Октомври

    11.10.2024 09:58 | KumanovoNews

    Со повеќе спортски настани ќе се одбележи 11 Октомври - Денот на македонското народно востание. Програмата е во организација на Општинскиот сојуз на спортови Куманово,  а ќе се одржат ракометни, пингпонгарски и одбојкарски турнири, велосипедска трка, аикидо семинар, натпревари во стрелаштво и спортски риболов, но и планинарска тура.

    Повеќе спортски настани по повод 11 Октомври

    На спортскиот аеродром Аџитепе во петок и сабота ќе се одржи Меѓународен натпревар во едриличарство и меѓународен падобрански КУП во прецизно слетување во организира Аеро клубот „Доне Божинов“.

    Во спортската сала на економското училиште „Перо Наков“, денеска (11.10) со почеток во 10 часот ќе се одржи ракометен турнир во организација на Машкиот ракометен клуб Куманово, а истовремено на атлетската патека во Соколана ќе се одржи традиционален атлетски митинг на кој домаќин е АК Куманово.

    Во 10.30 часот, пак Пинг понгарскиот клуб Куманово по десети пат го организира турнирот за млади надежи во салата на Гимназијата „Гоце Делчев“. 

    За трофејот „11 Октомври“ ќе се вози велосипедска трка на булеварот Октомвриска револуција со почеток во 12 часот. Овој дел од програмата го организира велосипедскиот клуб „Вело- М“ од Куманово.

    Во Гимназискиот стрелачки клуб на ќе се одржи и натпревар во стрелаштво меѓу Куманово и Прилеп.

     Во сопствени простории, на улицата Иво Лола Рибар со почеток во 19 часот аикидо семинар ќе одржи Аикидо клубот Агатсу.

    Утре (12.10) во спортската сала, пак на основното „Христијан Тодоровски Карпош“ Женскиот одбојкарски клуб ќе одржи турнир со почеток во 11 часот.

    Во недела, 13 октомври Здружение на планинари и заштита на планината (ЗПЗП) Козјак 2013 организира пешачка, планинарска тура на планината Китка во близина на Скопје. Поаѓањето е во 7,30 часот на кружниот тек на булеварот Октомвриска Револуција, кај „Жмара“.

     Истиот ден ќе се натпреваруваат и рибарите на Меѓународен КУП во спортско риболовство „11 Октомври“ на Здружението спортско рекреативен риболовен клуб „Пчиња“ од Куманово.