Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во спортската сала “Македонија“,припадници на навивачката група “Ребели“, синоќа од 16 до 21 часот дивееле и ги навредувале кошаркарите на Куманово.
При крајот на натпреварот на КК“Лирија“ и КК“Куманово“- Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со недостојно скандирање и насилничко однесување на спортски натпревар. Тие фрлале тврди предмети пенкала, запалки и др предмети на теренот кон кошаркарите.
Полициската Станица Ѓорче Петров превзема мерки за расчистување на случајот.
Како што пренесува порталот МКД, финишот од мечот во Сарај донел возбуливи моменти на паркетот, на клупите на двата тима, како и на трибините. Тренерите Марјан Илиевски и Љубисав Луковиќ во текот на натпреварот се распаравале, па физичка пресметка била спречена само благодарение брзата интервенција на соработниците на двајцата тренери и полицијата.
Но кога се смирија страстите на двете клупи, се вжештија на трибините. Навивачите прво ја прославија победата со своите миленици, а потоа почнаа жестоко да ги навредуваат кумановци, но и судиите. Луѓето од таборот на Куманово и официјалните лица на средбата мораа да минат дваесетина минути повеќе на теренот додека полицијата ја празнеше салата. Сето ова беше придружено со навредливи скандирања и со по некое пластично шише и лименка упатено кон актерите на паркетот. Дури откако трибината беше испразнета гостите и официјалните лица се упатија кон соблекувалните, но тоа не беше крај на инцидентите. Група од неколку десетина највоинствени навивачи на Лирија стоеа пред влезот на салата чекајќи да излезат противничките кошаркари и продолжувајќи да пеат навредливи песни за македонското население. Тие со топки снег ги торпедираа присутните полицајци, кои, сепак, останаа смирени и не реагираа на провокациите. Откако видоа дека нивната намера да предизвикаат поголем инцидент заврши неуспешно топлата навивачи полека се растури со што исчезнаа безбедносните проблеми околу заминувањето на кумановци кон нивниот автобус, а потоа и кон нивните домови- стои во текстот на МКД.