Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска со почеток во 16 часот ќе се одигра натпревар помеѓу Работнички и Ренова, на јубилејното 20 финале на Купот на Македонија во Штип.
Двајцата поранешни шампиони ќе имаат шанса да се изборат за пласман во првото коло. Двете екипи најавуваат жестока борба, но не веруваат дека ќе има поголема разлика во голови. Денешниот победник ќе се придружи на Металург, Шкендрија и Вардар кои и во оваа сезона се покажаа како најуспешни.
Јас сум оптимист, верувам во оваа група на играчи. Клубот има и предност во искуството. Очекувам тврд дуел и нормално на крај победа“, вели Роберт Певник, словенечкиот тренер на дебармаалци.
Влатко Костов, поранешен играч на Вардар сега е во улога на тренер на Ренова. Задоволен е што клубот стигна до финале и очекува дека еден потег, еден гол ќе биде пресуден за натпреварот. Натпреварот за купот и во двата тима се доживува како животна шанса.
Добрите познавачи кои со години го следат македонскиот спорт велат дека во финале , мечовите завршуваат со три постигнати гола. Само во 1996 година натпревар меѓу Слога Југомагнат и Вардар завршил без погодок.